Променете ги негодувањата

за да ги заштитите вашите податоци

Преземете го и отпечатете го упатството овде. Споделете го вашето искуство од користењето на Упатството за детоксикација од податоци, одржувајте контакт, или пак инспирирајте се за активности со порака до Сафа на datadetox@tacticaltech.org!

Кога интернетот би бил само место на кое се споделуваат слики од кучиња што носат костими на диносауруси, нема да има многу потреба од лозинки.

Но, интернетот е место на кое плаќате сметки, ги обновувате рецептите и се регистрирате за гласање на избори.

Кога ќе размислите за сите свои виртуелни вредни нешта што се споделуваат преку интернет – и нивното зачувување на вашите уреди – зошто не би ги чувале безбедно исто како вашиот паричник или клучеви?

Постои еден едноставен начин да го отежните пристапот на другите до вашите вредни виртуелни нешта: да не дозволите вашите лозинки да се пробијат лесно. На повеќето луѓе не им се потребни специјални технички вештини за да ги пробијат вашите профили – можат да влезат само со неколку погодувања на вашата лозинка или преку некоја автоматизирана програма.

Откако ќе влезат на вашиот профил, може да ја испробаат компромитираната лозинка на други профили, да соберат информации за вас и за вашите навики, да ги преземат профилите што ги имате, па дури и да го искористат вашиот дигитален идентитет.

Следејќи го ова Упатство за детоксикација од податоци, ќе научите практични чекори околу зајакнувањето на вашата безбедност на интернет.

Да започнеме!


1. Заклучете ја вашата дигитална врата

Заклучување на екранот: лозинка, шема, отпечаток или идентификација со лицето за пристап до вашиот уред се најдобрата одбрана против некој што би сакал да влезе во уредот. Но, постојат различни видови на заштита и може ќе биде тешко да утврдите кој е најдобар за вас.

Доколку го заклучувате вашиот телефон, таблет, или компјутер, тоа ви дава повеќе заштита отколку кога тоа не го правите. Но, исто како различните брави што би ги ставиле на врата, некои заклучувања на екранот се посигурни од другите.

Од сите заштити кои се достапни, уникатните лозинки се најјаките. Тоа значи дека, доколку го заклучувате вашиот уред со лозинка, таа треба да содржи букви, броеви и посебни знаци.

Да речеме дека користите основна шема за отклучување на вашиот телефон. Можете полека да ја зголемите заштитата преку поставување долга лозинка. Дали користите посебна шема за заклучување? Дали мислите дека таа шема не треба да е толку едноставна? Дали користите 1234 како PIN? Дали можете, наместо ова, седум пати да фрлите коцка и да го запомните тој број како PIN?

Со мала промена може да направите големпридонес за да ја задржите контролата над вашите уреди.

За да дознаете повеќе за тоа како да направите најсигурен начин за заклучување на екранот, разгледајте го написот „Зајакнете го начинот на заклучување на екранот“.


2. Пуштете ги вистинските

Создавањето врвни лозинки е едноставно. Сѐ што треба да направите е да следите неколку основни принципи.

Вашите лозинки треба да бидат:

  • Долги: лозинките треба да содржат минимум осум знаци. Што е подобро? 16-20 знаци.
  • Единствени: секоја шифра што ја користите – за секоја страница – треба да биде различна.
  • Случаен избор: вашата лозинка не треба да има логичен образец или да може лесно да се погоди. Тука може да ви бидат од помош алатките за управување со лозинки (password managers).

Најјаките лозинки содржат комбинација од букви, бројки и посебни симболи. Овој проверен совет сѐ уште помага за создавањ силна лозинка која е тешко да се погоди. Некои системи за лозинки, за жал, не ви дозволуваат да користите посебни симболи (како на пример @ # $% - = +), но доволно долга комбинација од букви и бројки е сепак подобра отколку кратка.

Во идеален случај, би требало да користите алатка за управување со лозинки за да ги генерирате и да ги чувате сите ваши лозинки. Алатките за управување со лозинките, како на пример – 1Password и KeePassXC, кои безбедносните експерти честопати ги препорачуваат– се во основа апликации чија единствена цел е да ги заштитат вашите податоци за најава и другите чувствителни податоци.

За да дознаете повеќе совети за креирање силни лозинки, како и за чекорите за користење менаџер на лозинки, разгледајте го написот „Пуштете ги вистинските: зајакнете ги вашите лозинки“.


3. Додајте втор клуч

Поставувањето двостепена автентикација (2FA) или повеќестепена идентификација (MFA) значи дека дури и некој да ја открие вашата лозинка, најверојатно, нема да го има дополнителниот фактор којшто им е потребен за влез.

Прегледајте ги безбедносните нагодувања за страниците и апликациите кои најчесто ги користите и видете дали може да додадете уште еден клуч. Почнете со најважните – апликации поврзани со финансии или сервиси како електронска пошта која ја користите за поврат на останатите профили.

Google:

  • Пријавете се на myaccount.google.com
  • Безбедност
  • Потврда во два чекори
  • Почнете

 

Facebook:

  • Hamburger Мени →
  • Нагодувања
  • Безбедност и пријава
  • Употребете двостепена автентикација

Совет: Кога воведувате дополнително ниво за верификација, ќе треба да изберете втор начин за потврда на вашиот идентитет. Не сите форми за двофакторска автентикација даваат исто ниво на безбедност. Од најбезбедната до најнебезбедната 2FA (двофакторска автентикација):

  • Надворешен/Хардверски уред за безбедност ('U2F' уред)
  • Код за еднократна употреба преку апликација за автентикација
  • Код за еднократна употреба преку електронска пошта
  • Код за еднократна употреба преку СМС порака. (Иако СМС пораките се најмалку безбедна форма за двофакторска автентикација (2FA), сепак се побезбедни, отколку да немате двофакторска автентикација (2FA).)

За да дознаете повеќе совети за обезбедувањето на вашите профили, прочитајте го написот „Заклучете ја вашата дигитална врата: Грижете се за безбедноста на вашиот профил“.


4. Заштитете ги вашите виртуелни вредни работи

На истиот начин како што се грижите за вредните работи во вашиот дом треба да постапувате и со информациите што ги чувате виртуелно – без разлика дали станува збор за вашата финансиска евиденција, за скенираните страници од пасошот или, пак, за вашата адреса или телефонски број. Важно е да размислите каде ги зачувувате вашите највредни лични податоци и како може да ги заштитите.

Зачистување (spot clean) е добра опција доколку сакате набрзина, додека пиете кафе, да направите неколку подобрувања. Побарајте одредени податоци што се наоѓаат во вашата електронска пошта или на други профили и избришете ги: скенирани копии од вашата лична карта, банкарски податоци, информации за здравствено осигурување и друго. Доколку подоцна нешто од тоа ви е потребно, секогаш може да го преземете или да го отпечатите пред да го избришете од електронската адреса.

Длабинското чистење (deep clean) е подетално и добро е да се прави барем еднаш годишно. Архивирајте сѐ во вашата електронска пошта или од профилот на социјалните мрежи, преземете го на вашиот компјутер и избришете ја содржината на профилите за да почнете одново.

Совет: Немојте само да бришете – испразнете го и фолдерот со избришани податоци ипривремените датотеки!

Ваше е дали ќе сакате од архивираните податоци и документи да направите резервна копија (back up) на облак (cloud) или, пак, ќе ги зачувате на надворешен харддиск или УСБ. Без разлика како ќе ги зачувате своите податоци, внимавајте да не ги изгубите и да бидат заштитени со силна лозинка која може да ја запамтите.

За да дознаете повеќе совети за заштита на вашите податоци онлајн, прочитајте го написот „Виртуелни вредни работи: заштитете ги работите што ги чувате онлајн“.


5. Проследете понатаму

Честопати и лесно се заборава дека интернетот со причина има назив „мрежа“ (World Wide Web заб. прев.). Сите сме поврзани на интернет преку различни мрежи, не само како „пријатели“ на социјалните медиуми, туку и преку контактите во нашите електронски адреси и фотографиите што ги споделуваме на интернет.

Кога ги обезбедувате вашите профили, зајакнете ги лозинките и исчистете ги податоците. Придобивката не е само ваша – туку сите со кои сте поврзани со тој чекор ќе станат побезбедни.

Кога ги чистите електронската пошта и профилите на социјалните мрежи, размислете што друго може да преземете и да избришете, а што може да им помогне на вашите пријатели или соработници: банкарските податоци на вашата сестра, клучот со код од вашата канцеларија или скенираната копија на пасошот на вашиот син се само некои од податоците што може да ви предизвикаат главоболка доколку паднат во погрешни раце.

Проследете понатаму! Зајакнувањето на вашата дигитална безбедност може да е едноставно доколку следите неколку основни чекори. Споделете го ова Упатство за детоксикација од податоци со вашите пријатели, семејство или соработници, помогнете им да ги променат навиките на начин што ќе им одговара.

Доколку овие совети ви помогнаа, зошто тогаш да не се обидете да се „грижете за вашиот нов телефон“?

Последно ажурирање: 11/24/2022